Поради сексуален напад приведен таткото на златната хрватска олимпијка


Париз – Таткото на златната хрватска џудистка Барбара Матиќ, која вчера ја освои титулата олимписки шампион, Борис Матиќ во четвртокот заврши во притвор поради сомнение за сексуален напад.

Борис Матиќ е осомничен за сексуален напад на волонтерка задолжен за ред во публиката која поднел пријава, јавува француската телевизија „BFMTV“.

Осомничениот е приведен во полициска станица и сослушан по жалбата поднесена од 24-годишна волонтерка која изјави дека именуваниот насилно ја бакнал по победата на Барбара Матиќ во четвртфиналната пресметка. Шокирана од однесувањето на таткото на џудистката, таа се обидела да го оттурне, и го пријавила.

Париското обвинителство отвори „истрага за сексуален напад, по пријавата поднесена во средата од олимписки волонтер“, прецизира извор близок до случајот.

Амбасадата на Република Хрватска во Париз добила информација за апсењето и постапила согласно своите обврски и можности, дознава „Јутарњи лист“.

Според извори од хрватската страна, таткото на Барбара Матиќ, Борис добил адвокат преку кој неофицијално може да се дознае дека девојката тврди дека ја бакнал во уста, а тој тврди дека ја бакнал во образ и дека тоа било во еуфорија по победата.

Од Хрватскиот олимписки комитет неофицијално велат дека се работи за недоразбирање.