Поради „Прв до врв“, в недела, „3“ и „3 б“ ќе одат само до Клинички


Автобус на ЈСП на Водно (Фото: Б. Грданоски)

Од ЈСП Скопје информираат дека во недела (21.05.2023 год), поради одржување на спортско-рекреативната манифестација „Прв до врв“, во период од 9.30 до 10.30 часот, линиите 3 и 3Б ќе сообраќаат до стојалиштето Клинички центар.

Линијата 25 нема да ги реализира поаѓањата во 9.20 и 10 часот од Транспортен центар, односно
во 10 и 10.40 часот од Средно Водно.

Посочената линија ќе продолжи да функционира вообичаено почнувајќи со термините за поаѓање во 10.40 часот од Транспортен центар, односно 11.20 часот од Средно Водно.