Поради пожар во Калифорнија евакуирани 7.000 луѓе
Шумски пожар зајакнат со силен ветар кој изби на имотот на кој е базата на американската морнарица во јужниот дел на Калифорнија доведе до евакуација на повеќе од 7.000 луѓе.
Таканаречениот „Крик фајр“, активен шумски пожар кој гори од септември, изби синоќа покрај патот на источниот дел на кампот „Пенфелтон“ северно од Сан Диего. Пожарот напладне зафати околу 3.000 хектари, соопштија надлежните.
Нема жртви од пожарот, но утрово е издадена наредба за евакуација на лицата сместени во базата, како и во блиската населба Фолбрук, во која живеат околу 7.000 луѓе.
Според податоците од пладне по локално време, пожарникарите не успеале да го изгасат пожарот, покрај тоа ѓто до тогаш ветровите ослабеле.
Истрага за причината за пожарот е во тек.
Овогодинешната сезона на шумски пожари во Калифорнија беше една од најлошите. Пожарите зафатија повеќе од четири милиони хектари и повеќе од 10.000 домови и објекти, а животот го загубија 33 луѓе.