Поради одрон кај Љубаништа, прекинат сообраќајот на патот Охрид-Свети Наум


Поради одрон на патот во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај селото Љубаништа. 

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на овој регионален пат е од 19:15 часот. 

Лизгањето на земјиштето, појасни, настанало од краткото невреме со интензивни врнежи од дожд, кои нанеле големи количини земја и камења.

– Поради голема количина вода во кратко време, излеани се земја и поситни камења на патот. Екипи на Македонија пат и јавното претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат на расчистување на патот, изјави Темелкоски.

Според него, досега немало пријавено штета, освен реакции од граѓани за прекинот во електричната енергија.