Поради невреме наноси на дел од улиците во тетовско Теарце

Краткотрајното невреме со интензивен дожд, силен ветер и град го зафати и тетовскиот регион, дел од улиците во селото Теарце се беа поплавени со наноси од земја, камења и дрвја. Невремето започнало околу 18 часот и 30 минути.
Во Теарце имаше интензивен дожд, силен ветер и град. Поради тоа улиците што се во горниот дел од Теарце во месноста наречена Бигор во насока кон Шар Планина беа поплавени од надојдените наноси со земја, камења и дрвја, велат жители од Теарце.
И во Тетово, како и други населени места некои улици беа поплавени додека имаше силен дожд, по што водата се повлече.