Поради ковидот милион Европејци ја пропуштиле дијагнозата што ќе ги чини сега живот


Во свет без Ковид 19, милион Европејци би добиле дијагноза на рак уште од почетокот на пандемијата. Наместо тоа, нарушувањето на здравствената заштита значи дека пропуштиле дијагноза што може да им го спаси животот.

Тоа е проценка на Европската организација за карцином (ЕКО), федерација на медицински невладини организации, откако ги анализираше податоците за дијагностицирање на карцином низ цела Европа во текот на изминатата година, како и разликите помеѓу стапките на рак оваа година и претходните години.
Виновникот: Пандемијата на коронавирус, која ги принуди здравствените системи да го заправт скринингот за ракот што ги задржа сите, освен најболните пациенти, далеку од болниците. Резултатот е темпирана бомба која според експертите веројатно ќе резултира со скок на смртноста од рак во следните две години, бидејќи на пациентите кои беа занемарени во  пандемијата им се дијагностицира понапредна фаза на карцином, додека други страдаат од пропуштени третмани за време на заклучувањата.

Во Италија, националното здружение на онколошката медицина процени дека скринингот опаднал за 400.000 во првите пет месеци од пандемијата. Во меѓувреме, француската Национална лига против рак пресмета дека има околу 30.000 случаи на рак кои останале неоткриени поради Ковид 19.

Долгорочното влијание останува да се види. Студија објавена во ноември минатата година проценува дека во Велика Британија пандемијата ќе предизвика, директно или индиректно, помеѓу 7.000 и 36.000 смртни случаи од рак во рок од една година. Истражувањето објавено во „Лансет“, во меѓувреме, ги испитало податоците на Националната здравствена служба на Британија за да се раздвои зголемената смртност според различен вид на рак. Во неа се проценува зголемување од 7,9 до 9,6 проценти во бројот на смртни случаи како резултат на рак на дојка до петта година по дијагностицирањето и 15,3-16,6 проценти пораст кај колоректален карцином.

ЕКО, која започна кампања да го сврти вниманието на ова прашање во мај, проценува дека 100 милиони прегледи на рак не биле извршени во Европа поради пандемијата и дека на лекарите ќе им требаат околу 12 месеци за да ги расчистат заостанувањата. Во меѓувреме, одложувањата во третманот погоди половина од сите пациенти заболени од рак за време на пандемијата, а нарушувањата се очекува да продолжат да влијаат на секој петти пациент со карцином во Европа.Експертите велат дека зголемената  цена со повисока смртност од рак ќе се плаќа во наредните години.

Во овој момент, долгорочниот ефект на одлуките донесени за време на пандемијата сè уште треба да се испитува. Различни земји водеа различни стратегии. На пример, во Велика Британија, хемотерапија беше привремено прекината за некои пациенти со рак – со образложение дека би било опасно да се намали бројот на бели крвни клетки, бидејќи се ослабува имунитетниот систем на пациентите. Други земји, како Австрија и Холандија, одлучија да продолжат со третманот, но во пониски дози.
Но, едно е сигурно: Пријавениот пад на скринингот за рак ќе има долгорочни последици. За многу видови на рак, откривањето порано значи поголема шанса да се борите против нив – разлика „помеѓу болест што може да се излекуваат и неизлечиви болести“, рече Крул.

„Веќе забележавме дека луѓето доаѓаат со болест во подоцнежна фаза”, објасни таа. „Некои веќе имаат зафатеност или метастаза на лимфните јазли.

Додека Холандија генерално се справува добро со грижата за ракот, не сите услуги за карцином во Европа беа на исто рамниште кога започна пандемијата. Особено земјите од Источна и Централна Европа кои веќе имаа намалено ниво на финансирање, помалку лекари и нееднаков пристап до врвни третмани.Бројките објавени од Шведскиот институт за здравствена економија во 2019 година ги покажуваат смртоносните последици од нееднаквоста за нега на карцином.

„Особено во Источна Европа“ пациентите со рак не можат да пристапат до лекови поради трошоците. И додека земји како Белгија и Исланд забележуваат околу 70% стапка на петгодишно преживување со карцином на дебело црево, Романија, Словачка и Бугарија се пониски за скоро 20 процентни поени. Податоците на Евростат од 2017 година покажуваат дека стапката на смртност од карцином по глава на жител е највисока во Унгарија, Хрватска, Словачка и Словенија, секоја со стапки од најмалку 300 на 100.000 жители.

Исто така трпеше и поддршката за менталното здравје, при што грижата во голема мера беше оставена на мрежа на невладини организации кои нудат линии за помош. Па така , Романија имаше ресурси само за да ги држи пациентите „дишејќи и живи“, додека „сè [друго] беше оставено на невладините организации.

Кети Ризви е основач и вршител на должноста извршен директор на една од овие добротворни организации, „Малите луѓе“, специјализирана за психолошка поддршка на деца болни од рак. „Ограничувањата заради пандемијата што беа наметнати и на пациентите и на родителите беа тешки и понекогаш се граничеа со неразумност“, вели таа. На пример, на родителите им беше забрането да ја напуштат просторијата каде што престојуваат со своите деца за да испијат цигара или шолја кафе. Во меѓувреме, децата беа ограничени на своите кревети и не им беше дозволено да играат со деца во соседните кревети.

„Никогаш не сме го виделе нивото на очај што го видовме сега на ниво на деца – човечките суштества се чувствуваат апсолутно бедни“, рече Ризви. (Политико)