Поради дефект без вода делови од Скопје


Поради дефект на два затварачи (шибер) во шахта Ф100мм на улица „Кочо Битољану“, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците оваа улица број „518“ и „519“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до завршување на работните активности.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80мм на улица „30“ бр.44 – Радишани со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:20 часот до завршување на работните активности.