Попладнево посебен режим на сообраќај пред Собранието


Фото: Б. Грданоски

 Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 18 до 19:15 часот на улица „11-ти Октомври“, пред Собранието, поради најавен собир на група граѓани, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведената сообраќајница.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.