Полицискиот час изминатото деноноќие го прекршиле 41 лице, за неносење маска 401 казнети

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, полицискиот час не го почитувале 41 лице додека пак за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 401 прекршок.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.