Полицијата упадна на тренингот на Новак


Интересна ситуација е видена на тренингот на Новак Ѓоковиќ пред мечот со Франциск Серундола.

Имено, додека Новак тренираше со репрезентативците и се подготвуваше за дуелот со Аргентинецот, обезбедувањето на турнирот неочекувано имаше полни раце работа.

Еден од гледачите веројатно заборавил да си ја донесе чантата, па следела стандардната антитерористичка процедура.

Полицијата и обезбедувањето морале да донесат куче за да ја намириса торбата и да се уверат дека таму нема оставена експлозивна направа.

Кога се увериле дека се е во ред, ја подигнале торбата и ја однеле.

Инаку, ваквите реакции се сосема нормални во овие ситуации.

Слична сцена е видена пред неколку дена во метрото во Париз, кога некој оставил ранец.

Метрото беше празно додека се проверуваше ранецот, па сообраќајот извесен период беше во прекин.