Полицијата спроведува акција во самата зграда на МВР


Фото: Б. Грданоски

 

Од претпладнево во тек е полициска акција во зградата на Министерството за внатрешни работи. Цел на акцијата е Одделот за општи и заеднички работи во Министерството, изјавија од ВМР за „360 степени“.

„Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим-полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Според неофицијални информации објавени од дел од медиумите, полициската акција се однесува на истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила