Полицијата ги бара двете лица кои со шок-бомби предизвикаа пожар во Капиштец
Вчера во 17.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица Козара во Скопје две лица фрлиле експлозивна направа, по што настанал пожар на сува трева. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Полициски службеници излегле на местото и пронашле делови од шок бомба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Овој немил настан кој многу ги вознемири жителите на овој дел од Скопје. Бомбите силно одекнале, предизвикале пожар и малку недостасувало да бидат зафатени и објкети.