Полиција: Двојно самоубиство во некогашната палата на Версаче во Мајами
САД- Двајца мажи очигледно се самоубија, рече полицијата, во апартман во хотелот во Мајами Бич, некогашна палата во која живееше Џани Версаче во Мајами, скоро 24 години од смртта на модниот дизајнер кој беше убиен на предните скали на палатата.
Нивните тела беа пронајдени од домаќинката, во пресрет на годишнината од убиството на Версаче од страна на осомничен сериски убиец. Прелиминарната истрага донесе пресуда за „очигледно двојно самоубиство“, рече портпаролот на Мајами Бич, Ернесто Родригез, во е-пошта од вчера.
Детективите сè уште ја испитуваат смртта на Адам Рашап (31) од Рандолф, Њу Џерси и Александар Грос (30) од Јорк, Пенсилванија, соопшти полицијата.

Версаче беше убиен утрото на 15 јули 1997 година, кога се врати дома од кафуле неколку блока подолу од Оушн Драјв. Ендру Кунанан, кој беше осомничен за убиство на четворица хомосексуалци од Минеаполис до Њу Џерси, го застрела двапати во глава.
По масовната хајка на целата земја, која траеше девет дена, Кунанан (27) се самоуби во домашен брод каде што се криеше неколку километри од палатата. Неговата смрт ги остави властите со малку одговори на тоа што го мотивираше неговото убиство.
„Немаше белешка за самоубиство и никаква преписка за да објасни зошто тој ги извршил злосторствата“, рече тогаш тогашниот началник на полицијата во Мајами Бич Ричард Барето.

Во средината на 90-тите, заедно со Армани, Версаче се сметаше за водечки италијански дизајнер на реди-ту- веар облека и симбол на италијанската мода.
Casa Casuarina е изграден во 1930 година и бил поделен на станови кога Версаче го купил и го претворил во свј дом во 1992 година. Тој работи како бутик хотел од 2015 година. (АП)