Полесно е заедно- Комерцијална банка со нов визуелен идентитет

Комерцијална банка, една од водечките банки во земјава има нов визуелен идентитет: променет и обновен изглед, ново лого, модернизирани филијали, нов слоган и нов корпоративен спот.
-Новото време бара нови начини на однесување во работата и на соочување со проблемите на денешницата. Токму затоа ја доведовме комуникацијата со нашите клиенти на едно ново и поблиско ниво – посочија од Банката.
Модернизацијата на експозитурите е видлива веќе извесно време, а изменетото и освежено лого ќе биде новиот визуелен знак на Комерцијална. Корпоративниот спот кој за музичка подлога го има безвременскиот македонски хит на Зафир Хаџиманов „Како Вардар ќе дотечам“, е емотивен приказ на моменти од животни ситуации на наши луѓе во кои го потврдуваат нивниот нов слоган „Полесно е заедно“.