Полесно е да направиш во Мариово Формула 1 отколку да организираш овде концерт со Кравиц
Бобан Милошески во објава на официјалната фејсбук-страница на Авалон Продукција, реагира за организациските тешкотии што ги имале Авалон, вчера, пред почетокот на концертот на Лени Кравиц на стадионот Билјанини извори во Охрид.
„Да напишам некој збор додека ме држи лутината. Таа во последно време ми проаѓа брзо, и тоа ме нервира! Полесно е да направиш во Мариово Формула 1 отколку да организираш овде ваков концерт, по ваква ,,величествено сељачка агенда” каква што имаше овој објект пред концертот на Лени Кравиц, што го доведе во прашање вчерашното негово организирање. Искрено, да се направи ова вчера беше невозможна мисија! Никогаш не сум бил погорд на луѓето од Авалон и оние кои работеа за Авалон што воопшто успеавме да го направиме она синоќа! Немојте да заборавите дека ни беше забранет влез на стадион до сабота до полноќ, бидејќи имаше ексклузивен концерт на мега ѕвездата Ацо Пејовиќ, кој е толку ексклузивен да уште во Долно Коњари нема пеено – во Горно секако дека има! Неколку пати. Бидете горди што бевте дел од ова вчера и споделувајте го ова видео, ве молам, да видат колку не’ има! Не ја оставаме земјава на простаклукот, шундот и кичот! Нè има сепак повеќе од сите нив заедно цела оваа претешка недела!“, наведува во објавата Милошески.
Каролина се дружеше со Лени Кравиц : Еве како изгледаше на концертот на рок- ѕвездата во Охрид