Ѓоковиќ и Алкараз може да се сретнат само во финале на УС Опен


 

Денеска почнува четвртиот годинашен грен слем турнир, Отвореното првенство на САД во Њујорк. Tитулите ќе ги бранат Србинот, Новак Ѓоковиќ и Американката, Коко Гoф.

САД опен во следните две недели ќе биде светски центар на тенисот, а останува да видиме кој ќе ги издржи сите битки и триумфално ќе го дочека првиот викенд во септември.

Во Њујорк ќе настапат моментално сите најдобри на светот (или барем оние кои го преживеале овој дел од сезоната здрави и неповредени).

Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз завршија на спротивните страни на Отвореното првенство на САД на ждрепката во четврток, што значи дека би можеле да се сретнат во уште едно големо финале по Вимблдон и Олимпијадата во Париз.

За да се случи тоа, 3-та носител Алкараз можеби ќе треба прво да се пласира во полуфиналето против бр. 1 Јаник Синер, чиј случај со допинг излезе на виделина оваа недела. 

Потенцијални четвртфинални натпревари за мажи би можеле да бидат Синер против шампионот на  УС Опена 2021, Данила Медведев,  Ѓоковиќ против Андреј Рубљов (6), Алкараз против  Хуберт Хуркач (7) и вицешампиоот во 2020,  Александар Зверев против Каспера Руд.

Новиот триумвират на машкиот тенис, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Новак Ѓоковиќ, меѓусебе ги поделија најголемите трофеи сезонава. Шпанецот освои два грен слема (Ролан Гарос и Вимблдон), Италијанецот го освои првиот (Австралија опен), а Србинот го освои олимпиското злато.

Тие се сметаат како фаворити за триумф на САД опен, но има и многу други кандидати кои ја чекаат својата шанса.

Кај тенисерките, годинава се очекуваше слично владејачко трио, можеби дури и квартет, Ига Швојнтек, Арина Сабаленка, Коко Гoф, Елена Рибакина, но се сведе на дуопол од Полјачката (Ролан Гарос) и на Белорусинката ( Австралија опен).

Американката и Казахстанката со потекло од Русија се во мала криза. Затоа Барбора Крејчикова (Вимблдон) и Чинвен Женг (ОИ) ги зграпчија своите шанси, но не би било изненадување доколку некоја „од сенка“ повторно дојде до израз во Њујорк.

Во Париз, Новак Ѓоковиќ го освои олимпиското злато, последниот трофеј што му недостигаше. Останува да се види дали триумфот во Париз му ги намалил амбициите и апетитот за уште повеќе трофеи.

– Сè уште чувствувам нагон за победување, се’ уште сакам да создавам историја, уживам на турнирите, особено на грен слемовите, кои се столбовите на нашиот спорт, изјави 37-годишниот Србин кој ќе атакува на рекордната 25-та грен слем титула.

Лани тој по четврти пат победи на Флешинг Медоус, а доколку тоа му успее и годинава ќе им се придружи на тројцата рекордери во опен ерата, на Пит Сампрас, Џими Конорс и на Роџер Федерер. Доколку не успее, сезоната ќе ја заврши без освоен грен слем титула, втора таква година од 2011-та.

Синер победи на Австралија опен, но потоа Карлос Алкараз триумфира на Ролан Гарос и на Вимблдон и стана најмладиот тенисер во историјата кој освоил грен слемови на три различни подлоги.

Шпанецот има можност да го повтори она што досега им успеало само на двајца тенисери во опен ерата (од 1968 година), на Род Лејвер во 1969 и на Рафаел Надал во 2010 година кои победувале на последните три грен слема во истата година.