Почнува снимањето на филмот за Мадона: Се знае кој ќе ја глуми легендарната пејачка
Снимањето на филмот за поп-ѕвездата Мадона треба да започне следната година.
Како режисер и косценарист, пејачката со години работи на филмот кој првпат беше најавен во 2020 година, но снимањето го одложи поради турнејата. Сега британските медиуми пишуваат дека ѕвездата избрала и актерка која ќе ја портретира.
Зборуваме за Џулија Гарнер, најпозната по улогата на Рут Лангмор во криминалистичката драмска серија на Нетфликс, Озарк. Наградуваната актерка првпат беше избрана за проектот во 2022 година, откако беше подложена на исцрпувачка 11-часовна аудиција. Меѓу актерките кои беа кандидати за улогата беа Сидни Свини, Флоренс Пју и Ема Лерд.
Мадона минатиот месец ја заврши турнејата во Бразил и сега се фокусира на снимање биографски филм.
„Џулија е сè уште нејзиниот избор за главната актерка и тие останаа во контакт во текот на минатата година. Разговараа за идеи”, изјави извор за The Sun.
„Имаме многу работа за да го избереме остатокот од актерската екипа, да го организираме снимањето и да го финализираме сценариото, но се надеваме дека ќе започнеме со снимање во следните 12 месеци“, заклучил изворот.