Skip to content

07/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Почнува Копа Америка

14/06/2019 14:15

Бразил– Копа Америка се враќа и ќе понуди многу емоции на терените во Бразил. За првпат во последниве 30 години, Земјата на кафето ќе биде домаќин на континенталното натпреварување. „Кариоките“ имаат голем долг кон своите поддржувачи.

Суперѕвездата Нејмар не е на располагање на Тите по повредата на контролна одиграна денови пред стартот на турнирот. Неј Џуниор е растргнат и од секс-скандал, кој се одрази и во кампот на петкратниот светски шампиони. Тренерот на Бразилците одлучи да го замени Нејмар со искусниот Вилијан.

Дефанзивната линија на „златните“ е изградена од ветерани како Тиаго Силва, Жоао Миранда, Дани Алвеш и Филипе Луис. Филипе Кутињо ќе се обиде да го подобри впечатокот по слабата сезона за Барселона, а Габриел Жезус и Роберто Фирмино ќе се докажуваат во дресот на Бразил.

Вечниот фаворит Аргентина пак минува низ промена по фијаското на Мундијалот 2018. Новиот тренер Лионел Скалони има задача да ги избере вистинските фудбалери. Секогаш е интересно да се види кој игра за „албиселесте“ во средината на теренот.

Џовани Ло Селсо направи многу силна сезона за Бетис и ја чека својата шанса. Веќе ги нема искусните Хавиер Маскерано, Евер Банега и Енцо Перез.

Алексис Санчез беше чиста нула минатата сезона во Манчестер Јунајтед и ќе се обиде да го ослободи својот несомнен потенцијал за Чиле. Друг клучен играч, Артуро Видал, ја обнови својата кариера во Барселона и, како и секогаш, ќе игра со познатата страст.

Уругвај и Колумбија чекаат од вториот ред и можат да ги изненадат скептиците. Цврстите играчи на „Ла Селесте“ ќе бидат предводени од Диего Годин и Луис Суарез. Радамел Фалкао и Хамес Родригез ја подизгубија својата брилијантност, но Копа Америка е одлична можност за нов блесок.

Цели 8 од 12 тимови во групите продолжуваат во фазата на елиминација. Ако Бразил и Аргентина победат во своите групи, тие нема да можат да се сретнат пред финалето.

Почетокот на Копа Америка е доцна вечерва по македонско време, а во првиот дуел се среќаваат домаќинот Бразил и Боливија. Финалето е на 7 јули во Рио де Жанеиро.

Гости оваа година се тимовите на Јапонија и Катар.

Група А: Бразил, Боливија, Венецуела, Перу
Група Ц: Аргентина, Колумбија, Парагвај, Катар
Група Ц: Уругвај, Еквадор, Јапонија, Чиле.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Поврзани содржини

Јувентус лесно до бодовите против Џенова
06/04/2026 20:04
ШК Алкалоид славеше со играчите, пехарите за Николовски и Георгиев
06/04/2026 13:04
Алонсо ги критикува новите болиди: Крајот на херојот зад воланот
06/04/2026 10:04
Интер ја прекина серијата од три натпревари без победа
06/04/2026 08:04

Легендата на Ливерпул Џон Барнс во Македонија
03/04/2026 13:04
Гана ќе го ангажира Јоаким Лев за селектор на претстојниот Мундијал?
03/04/2026 12:04
Салах станува најплатен фудбалер на светот
03/04/2026 12:04
Оклахома го надигра Лос Анџелес Лејкерс, Дончиќ се повреди
03/04/2026 10:04

Најчитани


  • Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово
    05/04/2026 18:10
  • Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за најлошото, ова ќе биде долга криза
    03/04/2026 16:19
  • Дури 210.000 Македонци докажале дека имаат бугарско потекло, тврди Софија
    03/04/2026 14:43
  • Иран ја предупреди Бугарија
    01/04/2026 14:48
  • Кај новиот „Лидл“ во Кавадарци ќе се гради кружен тек
    03/04/2026 12:40
  • Куманово планира изградба на административна зграда кај Чоробенско ќоше
    31/03/2026 14:16

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење