Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

Под мотото „Побарај ја забавата“ денеска почнува петнаесетото издание на Баскерфест – еден од најпрепознатливите улични фестивали во Македонија.
Како што најави организаорите, фестивалот годинава е во форма на караван, односно, на 13 локации во девет градови низ земјава од 25 август до 6 септември на уличните сцени ќе продефилираат преку 20 интернационални артисти од сите краеви на светот.
Фестивалскиот караван ќе започне во Кисела Вода, а потоа ќе продолжи во Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид и Тетово.
Од 1 до 4 септември, Баскерфест повторно ќе биде пред скопската публика – во општините Бутел, Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров. Последните две фестивалски вечери ќе се одржат во Куманово и Гевгелија. Сите претстави ќе започнуваат во 19 часот.
Меѓу учесниците се Plucie Ogniem од Полска со огнен спектакл, Hiram Meza од Чиле со театарско-циркуски настап, Mr. Mostacho со уницикл-шоу „Equilibrium“, Edu Boneco од Бразил со куклите Carolina и Maria Beijoqueira, Sean Rooney од Канада со балон-уметност, како и македонскиот артист Кристијан Бенито. Уличната магија ќе ја збогатат и The Beat Killers Academy од Албанија, статуите од Србија и DJ MartiAn со музички перформанси.
Баскерфест е еден од најзначајните улични фестивали во Македонија, кој веќе 15 години ја претвора секојдневната урбана средина во сцена за уметност, радост и спонтаност. Се одржува на отворено, без сцена и без билети, директно меѓу луѓето – на улиците, плоштадите и јавните простори