Почна санацијата на Домот за култура ,,Билјана Беличанец”

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информира дека почнала санацијата на Домот за култура ,,Билјана Беличанец”, па за помалку од четири месеци граѓаните ќе добијат функционален културен центар.
Започнавме со реализација на најавениот проект за санација на Домот за култура ,,Билјана Беличанец”, кој на почеток од мојот мандат го затекнав во крајно лоша состојба, информира Ѓорѓиевски.
– Иако се работи за објект кој беше темелно обновен во 2015 година и од руинирано старо кино прерасна во прекрасно здание, оваа убава визија никогаш не заживеа. Наспроти тоа, неколкугодишната негрижа од страна на моите претходници го довеле до степен да биде речиси сосема неупотреблив. Планираме со квалитетна програма да ја привлечеме публиката и да го позиционираме ова место како иден центар на културните збиднувања во општина Кисела Вода, соседните општини па и во главниот град, информира Ѓорѓиевски.