Почна протестот за Фросина – „Валкани пари – смртни последици“ (во живо)

Стотици граѓани денеска во Скопје тргнаа на протестен марш поради убиството на младата Фросина Кулакова, на улицата „Партизанска“, каде поминувала на пешачки, а возач под дејство на алкохол со голема брзина помина на црвено и ја усмрти.
Под мотото „Ние сме гласот на Фросина“ и „Валкани пари – смртни последици“ граѓаните бараат одговорност за смртносоното прегазување на Фросина во центарот на Скопје.
Поворката која тргна од „Партизанска“ ќе продолжи до пред зградата на Владата, потоа пред Собранието а ќе заврши пред Апелацискиот суд за каде се најавени и обраќања од говорници.