(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување на осудените за упадот во Собранието


(Фото: Независен.мк)

Протестот, најавен како сенароден марш за слобода за уставобранителите, зад кој застана ВМРО-ДПМНЕ, започна пред Владата, од каде продолжи кон зградата на Собранието. Мотото на протестот е „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“.

Учесниците побараа безусловно ослободување на осудените за настаните од 27 април, односно за упадот во Собранието во 2017 година. Организаторите на протестот велат дека обвиненијата за тероризам на осудените лица за настаните од 27 април се политички монтирани и побараа Врховен суд да го поништи судењето и да се одржи ново.

(Фото: Независен.мк)

-Правда за Уставобранителите! И еден ден во затвор како неправедно осуден е тежок како година.Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации. Уставобранителите се во затвор, а полицијата на Спасовски им дава закрила на ИСИС, турската, српската, албанската и италијанската мафија. Тоа значи дека е изгубено секое мерило на праведно расудување и секоја неправда мора да се исправи.Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на протестот. 

(Фото: Независен.мк)

На протестот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со раководството на партијата.

„Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод протестот за поддршка на осудените за тероризам за настаните од 27-ми април.

(Фото: принтскрин Јутјуб)
(Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

„Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја“, стои во објавата на социјалните мрежи на лидерот на опозицијата.

Повеќе граѓани го искористија присуството на Мицкоски за да се фотографираат со него.

На протестот, инаку, доминираа знамињата со шеснаесеткракото сонце, како и партиски обележја на ВМРО-ДПМНЕ. 

(Фото: Независен.мк)
(Фото: Независен.мк)
(Фото: Независен.мк)

Протестот беше масовен и доаѓа во време кога во земјава има тренд на намалување на заболени од КОВИД-19, но забележливо беше дека на овој собир не се почитуваа целосно мерките на заштита, како што е растојанието, а имаше и голем број граѓани кои не носеа маски.

(Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

Од власта вчера оценија дека не се работи за барање правда за тие што упаднаа во Собранието на 27 април  туку за протест во одбрана на криминалот, асоцирајќи на уапсените финансиери и екс функционери на ВМРО-ДПМНЕ.</span>

(Фото: Независен.мк)
(Фото: Независен.мк)