Почна асфалтирањето на булеварот „Киро Глигоров“ накај излезот од Скопје


Булеварот „Киро Глигоров“ кој води од Аеродром до Гази баба, односно и кон излез од Скопје, подолго време е блокиран, или едноставно, по него се поминува со многу трпение.

Денеска, кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, петре Шиелгов, најави дека планираната реконструкција ќе заврши порано. место следнава пролет, булеварот ќе биде готов претходно, а денеска започнаа со асфалтирање. 

„Булеварот „Киро Глигоров“ е еден од симболите на тоа поврзување. Денес започнуваме со асфалтирање на бул. „Киро Глигоров“ на потегот од мостот „Близнак“ до крстосница со ул. „Перо Наков““, соопшти градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.

Откако Град Скопје заврши со поставувањето на атмосферска и фекална канализација, денес веќе се финишира и со коловозот во должина на трасата од 682 метри. За оваа реконструкција од Буџетот на Град Скопје се одвоени 110,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е 9 месеци.

„Тој рок започна да тече во јули, а требаше да заврши идната пролет. Како што гледате, ние планираме да завршиме многу побрзо од тоа. Сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од реконструкциите кои се интензивираат во овој период од годината, ама треба да знаат дека оваа улица е исклучително фреквентна од причина што ја поврзува скопската општина Гази Баба со Аеродром и Кисела Вода“, кажа градоначалникот Шилегов.

Само за потсетување пред само 3 години по должината на целиот булевар беше изградена и велосипедска патека, која заедно со велосипедската патека на бул. „Србија“, како и оние на бул. „Јане Сандански“, „АСНОМ“ и „Александар Македонски“, претставува важен велосипедски коридор кој ги поврзува Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.