Починаа 39 лица, уште 603 новозаразени од корона вирусот


Фото: Б. Грданоски
 

Во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на Ковид-19, што е 23,2 отсто од примероците, соопшти Министерството за здравство.

Пријавени се вкупно 39 починати лица: 18 од Скопје (52, 53, 62, 66, 71, 71, 73, 73, 74, 74, 78, 79, 80, 82, 83, 85 и 91), по 3 починати лица од Охрид (64, 81 и 82), Тетово (63, 80 и 81), Струмица (72, 73 и 80) и Кавадарци (70, 82 и 83), по 2 лица од Прилеп (66 и 67) и Куманово (58 и 80), по едно лице од Битола (74), Велес (79), Штип (77), Кочани (71) и Пробиштип (63). Сите починати пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 700.728 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392.