Почина Зоран Василевски – Фаци, ја изгуби битката со ракот
Новинарот и водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, почина утрово по долга борба со ракот.
Тој неколку години се бореше со ракот. Болеста му беше дијагностицирана во 2022 година, по што се оперираше, но за жал ракот се врати.
Зоки неодамна беше и во Турција, каде што требаше да биде опериран, но лекарите таму му соопштиле дека ракот метастазирал на коските.
Веста за неговата смрт ја објави неговиот пријател и соработник Стефан Лазаров.
Василевски кариерата ја почна во дневниот весник „Вест“, а потоа работеше како водител на естрадниот магазин „Фаци“ во А1 телевизија, од каде што го доби и прекарот кој го следеше цела негова кариера.
Последниот професионален ангажман го имаше заедно со Стефан Лазаров, во нивниот заеднички поткаст.