Почина уругвајскиот фудбалер кој колабираше на теренот минатата недела
Уругвајскиот фудбалер Хуан Изкиердо (27) почина во болница откако колабираше на теренот минатата недела. Дефанзивецот на уругвајската репрезентација колабираше за време на натпреварот од Копа Либертадорес против Сао Паоло во Бразил. Изкиердо колабирал во 84. минута, а откако лекарите му укажале прва помош на теренот, итно бил префрлен во локалната болница.
Таму беше задржан до вторник. На почетокот се чинеше дека ќе се извлече, но состојбата му се влоши и трагично почина. За време на натпреварот тој доживеал срцева аритмија, поради што не му стигнувал доволно кислород во мозокот. Состојбата се влошила и лекарите не можеле да ја спречат неговата прерана смрт, пишува ЕСПН.
„Со најголема тага во нашите срца и шок објавуваме дека нашиот сакан играч Хуан Изкиердо почина. Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство, пријателите, колегите и најблиските. Жалиме за оваа непоправлива загуба“, стои во соопштението на Национал.
Поради овој трагичен настан, уругвајската федерација ги одложи сите натпревари минатиот викенд. Изкиердо играше за пет уругвајски клубови – Серо, Пенарол, Вандерерс, Ливерпул и Национал. Играше и за мексикански Сан Луис.
Con el más profundo dolor e impacto en nuestros corazones, el Club Nacional de Football comunica el fallecimiento de nuestro querido jugador Juan Izquierdo.
Expresamos nuestras más sinceras condolencias a su familia, amigos, colegas y allegados.
Todo Nacional está de luto por… pic.twitter.com/mYU28mqw6m
— Nacional (@Nacional) August 28, 2024