Почина тројниот светски шампион во атлетика Грег Фостер


 

Прославениот американски атлетичар Грег Фостер почина на возраст од 65 години, соопшти Универзитетот Калифорнија.

Тој починал во неделата, откако со години се бореше со амилоидоза, болест поради која протеините се таложат и ги оштетуваат органите.

Како претставник на Универзитетот Калифорнија два пати беше првак на колеџите во 1978 и 989 година,а во текот на кариерата освои и три златни медали на светските првенства (1983, 1987 и 1991 година) и сребро на Олимписките игри во Лос Анџелес во трката на 110 метри со пречки.

Поради болеста во 2020 година му беше трансплантирано срце.

„Толку е тажно што Грег нѐ напушти толку млад. Грег беше начин на кој сакате да се однесува секој атлетски херој: жесток натпреварувач на патеката, но и топол и великодушен човек надвор од неа“, рече извршниот директор на Светската атлетика, Џон Риџон.

Фостер ја заврши спортската кариера во 1996 година.