Почина рокерот Бора Чорба


Почина Бора Чорба

Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови.

Официјалната страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт.

„Почитувани пријатели, со тага и жал ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ. 01.11.1952 – 04.09.2024 година“, стои во објавата.

Последен пат во јавноста се појави на 1 јули, кога го одржа својот последен концерт.

Борислав Бора Ѓорѓевиќ, познат и како Бора Чорба, е српски писател, поет, актер и рок музичар и фронтмен на бендот „Рибља чорба“. Роден е на 1 ноември 1952 година во Чачак. Младоста ја помина во Белград, а последните години од животот во Љубљана.

Со музика се занимава од својата тринаесетта година. Беше член на многу бендови во Чачак, а неговата прва година во Белград беше обележана со работата со групите „Заедно“, „Хајдук Станко и Јатаци“ и „Сунцокрет“. Од 1978 година е фронтмен на групата „Рибља чорба“, со која сними дваесет студиски албуми за повеќе од четири децении работа, а објави исто толку снимени концерти и компилации.

Бендот „Рибља чорба“ важи за еден од најзначајните рок бендови од овие простори. Нивните албуму се продадени во повеќе од половина милион примероци, а во странство имаа голем успех. Одржаа бројни концерти во Америка и Австралија, а нивните најголеми хитови добро ги знаат и помладите генерации.

Бора има објавено и десетина книги, а неговата стихозбирка „Пустински остров“ ја доби наградата Оскар „Иво Андриќ“ во 2018 година.

Бора Ѓорѓевиќ музичката кариера ја започна во 1965 година во Чачак.