Почина професорката на ФЕИТ, Анета Бучковска


Професорката на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ Анета Бучковска почина денеска, соопштија од факултетот.

Бучковска (58) стана доктор по математика во 2000 година, а од 2001 година предава на Институтот за математика и физика на ФЕИТ.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на ден 12.12.2022 (понеделник) во 11:00 часот на Градските гробишта Бутел, а ФЕИТ во следниот период ќе организира комеморативна седница.