Почина познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ, познат по улогата на Шојиќ од „Тесна кожа“
Србија– Познатиот српски актер, Милан Лане Гутовиќ почина денеска на 76-годишна возраст по долго и тешко боледување, пренесува агенцијата Бета. Актерот бил примен на Воено-медицинската академија минатата недела поради проблеми со дишењето, неговата состојба одеднаш се влошила во последните два дена, а исто така бил приклучен на респиратор.
За неговата болест се дозна кога мораше да ја напушти претставата „Патувачкиот театар Шопаловиќ“ на почетокот на јуни.
Тој беше еден од најомилените српски актери во последните 40 години.
Роден е во Умци, на 11 август 1946 година. Дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград.
Сакал да се запише на Природно -математичкиот факултет, но се обидел на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, каде веднаш бил примен.
Тој беше оженет и има ќерка Милица. Тргнала по патот на нејзиниот татко, а покрај актерството се занимава и со балет.
На крајот на 2016 година, Милица се породи, па актерот стана дедо. Повеќе од една деценија, тој беше во вонбрачна врска со Билјана Кнежевиќ, балерина во театарот Теразија. Со неа ги има синовите Јанко и Спасоје.
Сериите и филмовите како „Тесна кожа“, „Метли без рачки“, „Отворени врати“, „Бели чамци“ се само дел од неговите достигнувања и проекти во кои го даде својот личен печат.