Почина поранешниот пратеник Благојче Трпевски, чиј син загина во несреќата на „Дурмо турс“


 

Поранешниот пратеник Благојче Трпевски (60) почина вчера. Веста на социјалните мрежи ја сподели екс-премиерот Димитар Ковачевски. Тој упати сочувство до неговото семејство и блиските.

Ковачевски истакна дека Трпевски ќе биде запаметен како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек, кој во текот на својата кариера оставил значаен придонес во јавниот живот.

„Денеска нѐ напушти Благојче Трпевски кој ќе го паметиме како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек. Беше вистински професионалец и поранешен пратеник во Собранието, човек кој неуморно работеше на реализацијата на патниот Коридор 8 и на развојот на државата. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат трајно запаметени“ – напиша Ковачевски.

Семејството на Трпевски беше скршено пред 7 години кога загина нивниот син Јовица Трпевски (25) во сообраќајната несреќа со автобусот на „Дурмо турс“ кај Ласкарци. Тогаш загинаа 13 лица.