Почина новинарот Саше Димовски


 

По долги и тешки здравствени компликации на 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат во однос на следењето на случувањата во правосудниот систем. Тој боледуваше од дијабетес, по што му беше ампутирана ногата, а се собираа и средства за негова рехабилитација. За жал, Димовски не ја издржа битката до крај. 

Беше претседател на Советот на честа на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова.

Димовски работеше во Канал 5, Сител, основач на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
 
Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.