Почина новинарката и уредничка на МРТВ, Јулијана Тануровска

На 60-годишна возраст, почина долгогодишната новинарка и одговорен уредник на сателитскиот сервис на МТВ1, Јулијана Тануровска.
Тануровска целата своја новинарска кариера ја посвети на МРТВ, и како репортер и како уредник во информативната програма и на сателитскиот сервис, детално и со прецизен новинарски израз обработувајќи ги темите, во најголем дел од сферата на образованието и на црквата.
Колегите и семејството на Тануровска се простуваат од неа на социјалните мрежи.
Погребот ќе се одржи в недела на Градските гробишта во Бутел.