Почина Мирко Грбешиќ, еден од најбогатите Хрвати, сопственик на повеќе фирми во БиХ и во Хрватска


Еден од најбогатите Хрвати, Мирко Грбешиќ, сопственик на повеќе фирми во БиХ и Хрватска, почина по тешко боледување на 62-годишна возраст.

Грбешиќ ја основа компанијата Мепас д.о.о., а во Мостар го отвори најголемиот трговски центар во Босна и Херцеговина – Mepas Mall. Роден е на 11 август 1960 година во Широки Бријег. Во 1998 година ја купи „Сапонија“ од Осиек за 20 милиони германски марки. После тоа стана сопственик на бјеловарски „Костлин“. Дал шест милиони евра за „Кандит“ – Осиек и вложил многу повеќе за да го врати брендот на полиците и меѓу потрошувачите, пишува меѓу другото загрепски Вечерњи лист.

Грбешиќ стана сопственик и на „Мараска“ и „Бродомеркур“.

Неговото богатство се проценува на 133 милиони куни (едно евро е околу 7,5 куни) и се наоѓа на 15. место на листата на најбогати Хрвати, пренесе Танјуг.