Почина маж во Охридско Езеро, министерот Филипче се обидел да го реанимира (видео)


Маж на возраст од околу 70 години почина доцна попладнево на охридското крајбрежје, неофицијално како последица на срцев удар.

Безживотното тело на човекот било извадено од водите на Езерото на плажата Метропол, а на снимката на Њуз1.мк се гледа како на помош притрчал министерот за здравство Венко Филипче, кој бил одалечен на околу 200 метри, на отворање на Европскиот маратон. Тој 20-тина минути го реанимирал мажот, но за жал веќе било предоцна.