Почина легендaрниот актер Доналд Сатерленд
Легендарниот холивудски актер Доналд Сатерленд почина на 88-годишна возраст. Најпознат е по улогите во филмовите „Игри на гладта“, „Злато за храбрите“, „Маш“, „Валканата дузина“, „Клут“ и „Не гледај сега…
Веста ја потврди неговиот син Кифер Сатерленд на социјалните мрежи.
„Со тешко срце ве известувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Јас лично го сметам за еден од најважните актери во историјата на филмот. Го сакаше тоа што го работеше и го правеше она што го сакаше, а повеќе од тоа не можеш да бараш“, објави неговиот син Кифер на Инстаграм.
Повеќе од половина век, актерот добитник на Еми и Златен глобус незаборавно глумеше негативци, антихерои, романтични главни личности и фигури на ментори. Неговата биографија неодамна се зголеми и со неговата споредна улога во франшизата „Игри на гладта“.
Важеше за еден од најголемите актери кој никогаш не беше номиниран за Оскар за некоја од неговите улоги, а дури во 2017 година доби почесна статуетка.
Доналд ги имаше Кифер и неговата сестра близначка Рејчел во бракот со поранешната сопруга Ширли Даглас, со која живееше од 1966 до 1970 година.
Сатерленд зад себе ги остави неговата сопруга Франсин Рацет, синовите Рог, Росиф, Ангус и Кифер, ќерката Рејчел и четири внуци. Неговиот син Кифер го наследи татко му во филмската индустрија.
Студирал глума на Универзитетот во Торонто и на Кралската академија за драмски уметности пред да го направи своето актерско деби во Замокот на живите мртовци во 1964 година.