Почина Лазар Лечиќ, македонската кошаркарска легенда
На 85-годишна возраст почина Лазар Лечиќ, човекот кој ја задолжи македонската и југословенската кошарка, еден од најистакнатите кошаркарски работници и тренери во историјата на Југославија и самостојна Македонија. Лечиќ беше истакнат тренер, и остави длабока трага во кошарката на овие простори, поставувајќи ги темелите на кошарката од осамостојувањето на Македонија.
Лечиќ (роден на 30 јануари 1939 година во Скопје) — како кошаркарски стручњак се смета за творец на македонската професионална кошарка, имаше огромна улога во излезот на македонските кошаркарски клубови во Европа во 70-тите и 80-тите години. Лечиќ е исто така заслужен за основање и организирање на младински кошаркарски училишта и во Македонија и во Грција. Во својата доживотна одисеја има освоено многу престижни награди како „11 октомври“, „13 ноември“, „8 септември“ за животно дело во 2015 година во областа на спортот, Златна Бубамара итн. Член е на Клубот на Великаните на МОК од 2001 година.
Кариерата ја почнува во Работнички, а потоа станува тренер на клубот кој го водеше неколку пати (од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1968), а работеше и во МЗТ, Никол Ферт, беше тренер и надвор од Македонија, во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, грчки Арис.
Погребот на Лечиќ ќе биде утре 14. август на гробиштата Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.