Почина Игор Југ, кој беше осуден за настаните од 27 април


Почина Игор Југ осуден за случувањата во Собранието на 27 април. Југ (54) издржуваше 12-годишна затворска казна, од кои осум помина во затвор, но како што јавија повеќе медиуми, починал дома.

Директорот на управата за извршување санкции Александар Пандов за „Слободен печат“ потврди дека смртта настапила во домот, бидејќи тој бил на отпуст поради влошено здравје.

Во изминатиот период, Југ бараше да биде ослободен и повторување на постапката. Тврдеше дека никој од осудените не е терорист, ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок.