Почина Еди Џордан, легендата на Формула 1

Легендата на Формула 1, Еди Џордан, почина на 76-годишна возраст, откако ја загуби битката со ракот.
Минатата година му беше дијагностициран рак на мочниот меур и на простатата, а во четвртокот наутро неговото семејство потврди дека починал, пишува Дејли мејл.
Минатиот месец и самиот Џордан зборуваше за неговата состојба.
„Извинете момци, само малку, ви благодарам. Само што излегов од хемотерапијата и не сум 100 отсто заедно овде. Едноставно не сум јас во моментов, простете ми“, изјави Џордан за „talkSPORT“.
„Не сум го кажал многу пати. Ми дијагностицираа рак на мочниот меур и на простатата, а потоа ми се прошири на ‘рбетот и карлицата, така што беше прилично агресивно. Ова е мала порака и до сите што го слушаат ова: Не трошете го вашето време или одложувајте да донесувате одлука. Одете и тестирајте се, бидејќи имате многу можности за да направите многу работи во животот. Немојте да бидете глупави, не срамете се, момци“, изјави Џордан.
Тимот на Јордан учествуваше на 250 трки, победувајќи четири пати.