Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика
Атина Апостолова, доајенот на македонската народна музика, почина денеска.
Веста за нејзината смрт ја објави пејачката Вики Среброва, како и сестрата на Апостолова.
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Таа е македонска пејачка на народна музика. Позната е по песните Запејте мераклии, Цела вечер ќе ти пејам, Верувај ми, Усни румени, Те видов, и се заљубив, Иле Илија и многу други.
Таа имала турнеји во Австралија, Канада и Америка. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски.
Имала одлична соработка со: Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и Милан Завков. Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со: Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и Ефто Пупиновски (Скопските боеми).
Во 2023 година на Фестивалот “Тумба Фест” Куманово ја добива наградата за животно дело.