Почина актерот Џорџ Венд од комичната сеија „Кафулето на здравје“

Почина американскиот актер Џорџ Венд, еден од главните ликови во комичната серија „Кафулето на здравје“ (Cheers) од 1980-тите, а кој подоцна направи театарска кариера на Бродвеј во мјузиклите „Уметност“, „Лак за коса“ и „Елф“. Имаше 76 години.
И покрај долгата кариера, тој остана познат по ликот на Норм Петерсон во „Кафулето на здравје“, улога со која најмногу го поврзуваа. За неа доби шест номинации за наградата „Еми“ за најдобар спореден актер во хумористична серија од 1984-1989.

„Кафулето на здравје“ беше премиерно прикажана на 30 септември 1982, а првата сезона ја помина со слаба гледаност. Околу 80 милиони луѓе го гледаа финалето 11 години подоцна.
Венд стана миленик на публиката со неговите смешни реплики што ги кажуваше додека седеше на шанкот. По серијата, Венд глумеше во ситкомот „Шоуто на Џорџ Венд“. Во 2023, тој се натпреваруваше на шоуто „Маскиран пејач“. (Варајати)