ПОЦ ќе ја обележува хоризонтална сигнализација на улици и паркиралишта во Центар


Фото: Б. Грданоски

ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) од наредната година целосно ќе го преземе бележењето на хоризонталната сигнализација на улиците и паркиралиштата на територија на Општина Центар.

Како што соопштува ПОЦ, претпријатието за таа цел набави нова машина за бележење на хоризонталната сигнализација на американски бренд „Graco“ со која редовно ќе се бележат општинските улици и паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

Набавката, како што се наведува во соопштението, е преку економскиот оператор ГФП ДОО Белград, и ангажирањето на оваа механизација чини 700.500,00 денари.

-ЈП Паркинзи на Општина Центар планира да започне со редовно бележење на улиците и паркиралиштата во март 2020 година, кое ќе придонесе добро уредена, ефикасна и безбедна хоризонтална сигнализација на територија на Општина Центар, информира ПОЦ.