По Синер и Руне потврди дека нема да игра во Париз


Уште еден тенисер од Топ 20 нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Откако во средата најдобриот светски рекет Јаник Синер објави дека поради болест нема да патува за Париз, неколку часа подоцна Италијанецот го следеше и најдобриот дански тенисер Холгер Руне.

Одлуката на Руне се чини и беше очекувана со оглед на проблемите што тој ги имаше минатата недела на турнирот во Хамбург, поточно повредата на зглобот на левата рака. Тој објасни дека се обидел да се опорави од повредата, но не успеал.

Ждрепката за Олимписките игри ќе биде денеска, а прв носител ќе биде Новак Ѓоковиќ од Србија.