По шокантните сцени на ЕП 2020: УЕФА извести дека Ериксен е во болница и е стабилен
На фудбалскиот натпревар на ЕП 2020 меѓу Данска и Финска, капитенот на данската репрезентација Кристијан Ериксен падна на теренот и лежеше неподвижен.
Лекарите веднаш започнаа да го реанимираат и се чини дека успеааја во тоа. Навивачите, но и играчите на двете репрезентации беа видно шокирани, додека девојката на данскиот капитен веднаш слезе од трибините на теренот.
По околу десет минути, данскиот играч за врска го напушти теренот на носилки. Според фотографиите, се гледаше дека тој се освестил.
УЕФА соопшти вечерва дека здравствената состојба на Кристијан Ериксен е стабилизирана и данскиот репрезентативец е хоспитализиран,
Според последните информации на данскиот фудбалски сојуз, Ериксен е свесен и моментално е на преглед во болницата.
„Кристијан Ериксен дише и е контактибилен. Тој е во свесна состојба“, изјави неговиот агент Мартин Шуц.
Како што е соопштено, претставници на данската и финската репрезентација и организаторите на натпреварот на Копенхаген вечерва одржале состанок и побарале натпреварот вечерва да се доигра. Прво ке се доиграат пет минути од првото полувреме , а по пауза од пет минути да се одигра и второто, потврди УЕФА.
Првиот човек на ЕУФА, Александар Чеферин, на Твитер напиша: „Моментите како овие на животот му даваат друга перспектива. Му посакувам на Кристијан целосно и брзо заздравување и се молам за неговото семејство да има сила и верба. Во овие времиња задништвото на фудбалското семејство е толку силно и што на неговото семејство му посакуваат добри желби и молитви. Слушнав од фановите од двата тима како го изговараат неговото име. Фудбалот е прекрасен а Кристијан го игра прекрасно“.
УЕФА претходно соопшти дека натпреварот меѓу Данска и Финска е прекинат, а официјалниот спикер на стадионот „Паркен“ ги повика навивачите да останат на своите места, бидејќи постои можност натпреварот да биде доигран вечерва.
Ериксен колабираше на теренот пред крајот на првото полувреме и по десетминутна реанимација беше изнесен на носилки.
Немилиот настан се случи во последните моменти од првото полувреме на натпреварот меѓу Данска и Финска на Европското првенство, кога играчот за врска на данската репрезентација Кристијан Ериксен (29) колабираше на теренот, а лекарската служба итно почна со реанимација.

Ериксен падна на теренот без дуел игра по што лекарите веднаш се стрчаа кон него на теренот.
Данските и финските репрезентативци и навивачите на стадионот во Копенхаген останаа во шок. Играчите на теренот направија жив штити околу телото на Ериксен за да спречат камерите да снимаат што се случува, но од кадрите можеше да се забележи дека лекарите се обидуваат да го реанимираат данскиот фудбалер.
Ериксен на носилки беше изнесен од теренот, а натпреварот беше прекинат.
УЕФА соопшти вечерва официјално дека натпреварот меѓу Данска и Финска во Копенхаген во рамки на ЕУРО2020 е прекинат, откако фудбалерот на данската репрезентација Кристијан Ериксен колабираше на теренот.
– Натпреварот во Копенхаген е прекинат поради итна медицинска помош, објави УЕФА на својот официјален Твитер профил.
Following the medical emergency involving Denmark’s player Christian Eriksen, a crisis meeting has taken place with both teams and match officials and further information will be communicated at 19:45 CET.
The player has been transferred to the hospital and has been stabilised.
— UEFA (@UEFA) June 12, 2021
Поддршка за данскиот капитен стигна и од Фудбалската федерација на Македонија.