По одморите, Судскиот совет ќе го испита случајот со велешанецот чија казна беше преполовена од Апелација


Фото: Б. Грданоски

Како резултат на големата разлика во изречената казна, членовите на Судскиот совет најавија дека по враќањето од годишните одмори ќе го испитаат случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд во Скопје, со која 18 годишната затворска казна за возачот кој под дејство на алкохол, управувајќи со возило усмрти малолетно лице на пешачки премин е намалена на 8 години.

Оттаму, апелираат и Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите преку воедначување на судската пракса, посебно за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

„Советот потсетува дека во неколку наврати и писмено побарал од Врховниот суд, заради невооедначеност на пресудите да се преиспита казнената политика, а по претходно направена анализа на судската пракса“се вели во соопштението од Судскиот совет