По Нова година ќе се поставуваат реквизитите во Луна паркот


Фото: Б. Грданоски

По Нова година ќе започне уредувањето на новиот Луна парк, најавуваат од град Скопје.

Ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени и ќе се вклопат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален, велат од Град Скопје.

Беше посочено дека за Луна паркот во моментов се изработува проектна документација, која треба да се достави до Градот Скопје во наредниве два месеца. Наследените седум реквизити треба да се постават согласно со потпишаните договори, зашто тие се задржани во проектното решение, а дополнително треба да се набават 20 нови реквизити. 

Луна паркот почна да го решава градоначалникот Коце Трајановски. Неговиот наследник Петре Шилегов, продолжи, но наводно беше спречен од ковид-кризата. Дали конечно Арсовска ќе успее да го „оживее“ луна-паркот останува да видиме.