По четири часа борба скротен пожарот кај „Богородица“, границата е отворена

Пожарот кај „Богородица“ е ставен под контрола

Пожарникарите од Гевгелија со помош на воените хеликоптери по четиричасовна борба со огнените јазиици го ставија под контрола пожарто близу граничниот премин „Богородица“, а во 20 часот рампите повторно се кренати за проток на возила и патници меѓу Македонија и Грција кои беа спуштени неколку часа.

Пожарот избувна во граничниот појас меѓу месноста Милци и граничниот премин „Богородица“. Огнот се доближи и до казиното „Фламинго“ и до една бензинска пумпа. Тоа беше критичниот момент кога во реонот дуваа силни ветрови, но со брзата и пожртвуваната акција на пожарникарите, пламенот беше запрен.

„Зафатена е огромна површина борова шума, а поради ветрот тој се прошири до грчката територија, зафаќајќи ја и граничната караулата на АРМ, каде е опожарено е едно полициско возило“, велат од Општина Гевгелија.

Бидејќи пожарот ја зафати и грчката страна од боровата шума, во гаснењето се вклучиле и поќарникари од градот Поликастро.

Во последниве неколку дена избија десетици пожари во Македонија како последица од екстремно топлото време. Иништени се многу шуми кај Кочани и во општината Старо Нагоричане, изгорени се неколку куќи, но за среќа нема жртви ниту посериозно повредени. Пожарникарите даваат сѐ од себе во овие тешки околности да ги локализираат пожарите што е можно побрзо.