По 40 години постоење Монарх дебитираат со албум


Приказната за бендот Монарх од Пула по се изгледа најмногу ќе и прилега на рубриката „Верувале или не“.
Имено, иако постојат од далечната 1985 година, дури сега, под закрилата на најголемата дискографска куќа во регионот 
Croatia Records, го објавија својот дебитантски албум „Влак без возног реда“ („Воз без возен ред“).

На албумот се наоѓаат десет песни, а деновиве во македонскиот етер се актуелни со синглот „Ивана“.

И по 40 години постоење, тие останаа доследни на својот звук, носејќи нова енергија на регионалната рок сцена. Во таа, далечна 1985 бендот под име Монарх го основаа Душко Вујат и Ранко Сворцан, а низ годините поминуваа низ различни фази, вклучувајќи ја и промената на името. Но, секогаш беа доследни на својот цврст рок звук.

Во моментов бендот се подготвува за концертните промоции на албумот и ветува дека нивниот ритам нема да го заборавите никогаш. Вашето е само да се качите на воз кој нема ред на возење… – порачуваат од бендот.