По 12 години врска: Двејн Џонсон се ожени со Лорен Хашијан
САД- Актерската ѕвезда Двејн Џонсон (47) по 12 години врска се ожени со девојката Лорен Хашијан (34) со која има две ќерки: Тиана и Јасмин.
Ова е втор брак на Џонсон, кој претходно беше 10 години во брак со филмската продуцентка Дени Гарсија со која ја има ќерката Симон (18).
Свадбата била романтична, на Хаваи. Невестата носела венчаница на израелската дизајнерка Мира Звилингер од 12 илјади долари, а младоженецот во костум на Ралф Лорен.
Џонсон, ѕвездата на серијалот „Брзи и бесни“ во 2016 година беше избран за најсекси маж на планетата, според „Пипл“. Тој е еден од најплатените актери според „Форбс“ и главно глуми во акциони филмови, препознатлив по улогата на Д Рок.