Планот на Весковски за изградба на нови детски градинки
Со изградба на две нови градинки во Карпош, кај „Алуминка“ и покрај Вардар, во Општина Карпош, за секое дете ќе се обезбедат еднакви можности и услови за правилен раст и развој, во здрава средина.
Проектите што се предвидуваат треба да придонесат за зајакнување на капацитетите на постојните детски градинки, за зајакнување и интензивирање на примената на спортот и различните спортски дисциплини, за поддршка на воннаставните активности и културното издигнување на младите генерации.
– Нашата цел е за секое дете да се обезбедат еднакви можности и услови за правилен раст и развој, во здрава средина. Затоа, планираме да изградиме по една нова детска градинка во зоната покрај реката Вардар и на просторот околу некогашна „Алуминка”, со што значително ќе се подобри капацитетот и квалитетот на грижата за најмладите карпошани. Тоа, пред сѐ, ќе значи згрижување на сите дечиња од предучилишна возраст што се на листите на чекање, но и можност за отворање нови работни места – смета кандидато за градоначалник Душко Весковски.
Проекцијата за новите детски градинки предвидува изградба на објекти од по 1480м2, на два ката и згрижување на 130 до 150 деца од предучилишна возраст во еден објект.
Весковски вети дека константно ќе работат и на обновување и проширување на веќе постоечките градинки, со што ќе се подобри условите за најмладите во општината.